Реал Мадрид останува единствениот тим во Топ 5 лигите во Европа со перфектен биланс, откако победи на тешкото гостување кај градскиот ривал Атлетико. Кралскиот клуб сега има максимални 18 бода од шест кола во Примера, каде е лидер со два бода повеќе од најголемиот ривал Барселона. Атлетико досега освои 10 бодови и е на седмото место на табелата.
Шпанскиот и европски првак уште во првото полувреме покажа дека е дојден на „Ванда Метрополитано“ да победи и преку Родриго во 18 минута поведе со 1:0. Точно уште 18 минути се чекаше за нова радост на гостите. Валверде одлично се снајде на одбиената топка по стативата на Винисиус, па Кралевите водеа со 2:0 на полувреме.
Во вториот дел Атлетико тргна многу поофанзивно, а тоа вроди со плод во 83 минута кога Хермосо погоди за 1:2. Истиот играч заработи црвен картон во 90 минута, па Атлетико немаше сили да даде втор гол и да се спаси од пораз.