Реал го подготвува теренот за нов мегатрансфер, а тоа не е Мбапе

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, останува доследен на својата филозофија секоја година да ангажира суперѕвезди со мегатрансфери и се чини дека изборот за оваа година ќе биде напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд.

Халанд има договор со Манчестер сити до 2027 година, но во неговиот договор постои клаузула според која може да ги напушти Граѓаните уште ова лето.

Планот и стратегијата на Перес се познати и испробани и функционираат, а последен пад беа применети минатата година при носењето на Џуд Белингам.

Прво Перес планира да стапи во контакт со агентите кои се грижат за кариерата на Халанд и откако ќе добие зелено светло за трансферот, директорите на Реал Мадрид ќе започнат преговори со претставниците на Манчестер сити за летна трансфер бомба.

Во реализација на трансферот Перес очекува помош и од Белингам кој има одличен однос со Халанд и ќе треба да го убеди напаѓачот дека трансферот во Реал Мадрид е идеален потег за него.

Според шпанските медиуми, Реал ќе мора да плати најмалку 180 милиони евра отштета.

- Оглас -

Најнови вести