4.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Реал го продава Винисиус, а на „Бернабеу“ ќе пристигне Ерлинг Халанд?

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд би можел да го напушти Манчестер сити на крајот од оваа сезона, иако во текот на летото го продолжи договорот до 2034 година. Според шпанските медиуми, напаѓачот е сè поблиску до трансфер во Реал Мадрид.


Ова сценарио е сѐ поверојатно ако гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ го продаде Винисиус јуниор следното лето, трансфер што би можел да донесе најмалку 200 милиони евра, средства кои Реал би ги искористил за доведување на Халанд.

Норвежанецот одамна се поврзува со Кралскиот клуб, а претседателот Флорентино Перес не ја крие својата желба да го види во тандем со Килијан Мбапе.

Доколку Винисиус си замине, Мбапе би го презел неговото место на левата крилна позиција, а Халанд би бил централен напаѓач во новиот галактички состав на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести