Реал го сака најкорисниот на јуниорското ЕП, има дадено гол од пола терен против Барса (Видео)

Реал Мадрид го „мерка“ холандскиот фудбалер за врска Кес Смит, кој беше прогласен за најкорисен играч на неодамна завршеното Европско првенство за играчи до 19 години.

Смит има 19 години, член е на АЗ Алкмар и има договор до 2028 година. Игра со десна нога, велат потсетува на Лука Модриќ, само што е многу повисок од него. Се очекува наскоро да заигра и за сениорската репрезентација на Холандија.

Смит на социјалните мрежи се има појавено во портокалов дрес на Реал, што може да биде сигнал дека е фан на мадридскиот клуб и причина плус да пробаат да го откупат.

Еден негов гол од половина терен против Барселона од јуниорската Лига на шампиони во 2023 година го обиколи светот. На тој меч за Барса играше Ламин Јамал.

- Оглас -

Најнови вести