Лука Јовиќ е пред враќање во редовите на Ајнтрахт Франкфурт, каде што во остатокот од сезоната ќе игра како позајмен фудбалер од Реал Мадрид.
Кралевите привремено се ослободуваат од промашеното засилување, Ајнтрахт ќе издвои за плата 20% од годишната плата на Јовиќ, која изнесува 10 милиони евра, притоа бундеслигашот нема опција да го откупи Србинот по крајот на сезоната.
Реал во летото 2019 година потроши дури 63 милиони евра за услугите на Јовиќ, кој пак сосема потфрли на „Сантијаго Бернабеу“. Честите повреди, проблемите надвор од теренот, но и минималната минужата го спречија српскиот голгетер да ги оправда средствата, па затоа оваа позајмица беше логичен потег.
Јовиќ од 2017 до 2019 година запиша 75 настапи за Орлите од Франкфурт, во кои забележа 36 погодоци и 9 асистенции.