1807 Баер Леверкузен – Штутгарт (18:30 ч.)
Баер Леверкузен одлично започна во 2022 година и има три победи и само едно реми, додека Штутгарт во истиот период нареди три порази и само едно нерешено.
Фармацевтите се тим кој сезонава е уживање да се гледа, барем кога се работи за погодоци. Во 21 меч имаат гол разлика од 54 дадени и 34 примени гола, што значи дека вкупно паднале 88 погодци, односно 4,2 во просек на меч.
На последните четири дуели меѓу овие две екипи биле постигнати вкупно 16 погодоци, што повторно се доаѓа до просекот од четири погодоци на меч, па треба да има погодоци и денеска.
Предлог тип: ГГ3+ (1.86)
1303 Вилјареал – Реал Мадрид (16:15 ч.)
Гостувањето кај Жолтата подморница секогаш е тешко за Реал Мадрид. На последните четири меча на теренот на Вилјареал, дуелите завршувале нерешено. Кралевите само еднаш победиле на последните шест гостувања на Вилјареал, кој и сезонава дома игра добро.
Реал најверојатно ќе биде и без Карим Бензема кој беше повреден и треба да се штеди за дуелот против ПСЖ во Лигата на шампиони следниот вторник.
Предлог тип: Х (3.30)
1703 Лион – Ница (21 ч.)
Дерби во Франција, а домаќините се во улога на фаворити, иако Ница има освоено дури осум бода повеќе сезонава. Лион сезонава дома има само еден пораз во 12 меча, но Ница е најдобриот тим на гостински терен во Франција со осум победи во 11 средби.
Меѓусебните дуели најавуваат интересен двобиј затоа што шест од последните седум средби завршиле со гол-гол 3+ комбинација.
Предлог тип: 1Х&3+ (2.30)
1633 Витесе – ПСВ Ајндховен (20 ч.)
И Витесе и ПСВ имаат два порази во последните две кола, па овој меч е за враќање на самодовербата. ПСВ на гости сезонава има дури седум победи во 10 средби.
Кога се работи за дуелите со Витесе, ПСВ има 12 победи две реми и само еден пораз во последните 15 средби, па јасно е кој е фаворит и на овој меч.
Предлог тип: 2 (1.68)
1954 Галатасарај – Кајсериспор (17 ч.)
Во последните 13 меча во турското првенство, Галатасарај има само една победа (седум порази и пет нерешени), што е неверојатно лош биланс за гигантот од Истанбул.
Кајсери сезонава игра очајно на гости и има само една победа во 12 средби, што е знак дека Галатасарај може да брка три бода.
Предлог тип: 1 (1.80)

