Реал и Атлетико дури трипати ќе играат меѓу себе во наредните три недели

Големите градски ривали и конкуренти за титулата во Ла Лига и во ЛШ, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид дури трипати меѓу себе ќе играат во наредните 20-тина дена.

Ждрепката за шпанскиот Кралски куп ги спои Реал и Атлетико уште во осминафиналето кое ќе се игра наредната недела, додека утре ќе се сретнат во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија.

По овие два дуели кои се закажани за 10-ти и 18 јануари, Реал и Атлетико ќе играат меѓу себе и на четврти февруари, овој пат во рамки на Ла Лига. Мечот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Сезонава, Реал и Атлетико веќе одиграа еден натпревар и тоа во Ла Лига кој заврши со триумф на Јорганџиите од 3:1.

- Оглас -

Најнови вести