Реал Мадрид – Атлетико Мадрид (1:30 ч.)
Од 1906 година е започнато ривалството на двата најдобри тима од Мадрид. Досега вкупно се одиграни 222 натпревари. Реал е многу поуспешен и има 110 победи, додека Атлетико се радувал 56 пати, а исто толку средби завршиле нерешено. На Интернационалниот куп на шампиони, Реал има еден пораз од Баерн и победа на пенали против Арсенал.
Атлетико на пенали ја победи Гвадалахара. Мадридските дуели секогаш биле интересни и носеле вобудувања, па така треба да биде и сега, иако се работи за меч на кој двајцата тренери ќе им дадат можност на речиси сите играчи кои ги имаат на располагање.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.50)
ФК Лос Анџелес – Атланта (4:00 ч.)
Ова е дерби во американската МЛС лига. Тимот од Лос Анџелес ги загуби дербито од ЛА Галакси, па сега сака да се врати на победничките патеки против Атланта која е второпласирана на Истокот. Лос Анџелес на свој терен во 9 меча има осум победи и реми, без пораз со одлична гол разлија (26:7).
Атланта е неубедлива на гости со само три победи во 10 меча и дури 17 примени голови. Минатата сезона Атланта дома победи со убедливи 5:0, што е дополнителен мотив за ЛА да се реваншира
Предлог тип: 1&3+ (1.88)
Расинг клуб – Унион Санта фе (2: 00 ч.)
Со мечевите од првото коло во аргентинското првенство започнуваат новите возбудувања, а ова е дербито на колото. Расинг заврши како првопласиран по 25-те одиграни кола во Суперлигата со само два порази. Расинг на домашен терен беше доминантен и имаше 10 победи и три реми, без ниту еден пораз, со само пет примени гола.
Санта Фе е слиден тим, кој знае да зададе проблеми на секој ривал, но сепак овојпат треба да биде во подредена улога.
Предлог тип: 1&1+ I&1+ II (2.70)
Агуљас – Депортиво Толима (2:30 ч.)
Дуел на две екипи кои очајно стартуваа во првите две кола. Домаќините одиграа два меча на кои имаше по четири гола, но освоија само еден бод, додека Толима на два пати загуби само со по 0:1 и затоа е на дното. На последните пет меѓусебни средби секогаш имало барем по два кола, а четири од нив завршувале со гол-гол ситуација.
Ќе ја следиме традицијата со мала предност за домаќините.
Предлог тип: 1Х&2+ (2.10)