31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Реал и Атлетико во трка за младата ѕвезда на Јунајтед

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид внимателно ја следат ситуацијата со младата ѕвезда на Манчестер jунајтед, Коби Мејну, објавиja англиските медиуми. Според нив, постои можност еден од двата шпански гиганти да се обиде да го донесе 20-годишниот англиски репрезентативец на позајмица до крајот на сезоната.

Мејну важеше за еден од најперспективните играчи на Црвените ѓаволи, но по тешката повреда минатата година, менаџерот Рубен Аморим ретко смета на него. Иако се врати на терените во декември, остана во сенка и во првите два натпревари од новата сезона не запиша ниту една минута.

Преговорите за нов договор засега не донесоа резултат, а според „Атлетик“, Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде дефанзивниот играч за врска за околу 45 милиони фунти.


Во јануари за него интерес покажа и Челзи, кога неговата цена беше околу 70 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести