1139 Астон Вила – Манчестер сити (15.00 часот)
Двата тима имаат серија од три победи по ред во Премиер лигата, па иако гостите кај кои Халанд е во одлична форма, се фаворити, не може да се каже дека сигурно ќе триумфираат. Последната победа на Граѓаните во Бирмингам беше во 2021 година. Вила по осум кола има гол-разлика 8-8, но во последните три кола играа мечеви со ГГ и 3+ голови. Сити даде 17 голови на осум меча и е еден од најефикасните тимови во лигата, а во претходните три меча (два во Премиер лигата и еден во ЛШ) победуваа без примен гол.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.83)
1366 Реал Мадрид – Барселона (16.15 часот)
Минатата сезона Каталонците ги добија сите меѓусебни дуели, па сега мадриѓаните се екстра мотивирани да ја прекинат таа серија. Кај Реал ќе ги нема Алаба и Ридигер, а само што се вратија Карвахал, Трент и Хаусен. Кај Барса повредени се голманот Гарсија, Олмо, Гави, Рафиња и Левандовски, додека не се на 100 проценти ни Кунде и Феран Торес. Реал кој е прв на табелата, во ова Ел Класико влегува со предност од два бода. Реал сезонава победи на сите мечеви на свој стадион, а Барса не успеа да победи на своето прво гостување во Мадрид сезонава, кога одигра 1-1 со Рајо, но сега мотивите се сосема поинакви, за нив ова е „живот или смрт“.
Предлог тип: ГГ & 4+ (1.89)
1140 Евертон – Тотенхем (17.30 часот)
Ова е дуел на две екипи кои играат променливо и во последните три кола имаа по една победа, пораз и реми. Петлите имаат три бода повеќе од Карамелите. Тотенхем пред четири дена одигра 0-0 со Монако во ЛШ, Евертон имаше цела недела да се подготви. Евертон уште нема пораз дома сезонава, но и Тотенхем не е поразен на гостински терен. Минатата сезона, Евертон дома го победи Тотенхем 3-2, а пред тоа шест пати по ред играа нерешено на дуелите во Ливерпул. Последната победа на Тотенхем на гости кај Евертон беше во 2018 година.
Предлог тип: Х било кога (1.75)
2851 Штутгарт – Мајнц (17.30 часот)
Швабите имаат четири победи по ред, немаат ниедно реми сезонава (последен пат играа нерешено во Бундеслигата во средината на април), најавуваат дека ќе се борат за место во Лигата на шампионите. Мајнц е во долниот дел на табелата, има три порази по ред и четири во последните пет кола. Мајнц прими 14 гола на седум натпревари и што е просек од два по меч. Штутгарт дома даваше по три гола на претходните два дуели со Мајнц.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.08)
3636 Лацио – Јувентус (20.45 часот)
Лацио е непријатно изненадување, има само 8 бодови после седум одиграни мечеви, Јуве кој тргна одлично, сега има црна серија од четири кола по ред без победа во Серија А, но и понатаму е во борба за титулата, има само шест бода помалку од лидерот Наполи кој има и еден меч повеќе. Лацио има постигнато еден гол повеќе од Старата дама, но има четири бода помалку од гигантот од Торино. Јуве не даде гол на претходните три меча во Серија А и ЛШ. Од последните пет меѓусебни дуели, четири им беа со 0-2 гола.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.04)

