Реал и Барса се здружија, имаат ист противник и сакаат да го сменат

Вечните шпански ривали, Реал Мадрид и Барселона ги здружија силите и ќе се обидат да го победат и сменат Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига.

Непринципилената коалција на двата шпански гиганти стаса далеку и претседателот на Барселона Жоан Лапорта преговарал со „Бенк оф Америка“ еден од спонзорите на Реал Мадрид за да ги купат ТВ правата за шпанското првенство за повеќе од 600 милиони евра.

Тоа би бил многу подобар договор за шпанските прволигаши од дилот што го нуди Тебас со „CVC“ фирма со седиште во Луксембург, која е кандидат за да ги купи ТВ правата за една од најсилните лиги на светот.

Ова во Шпанија се толкува и како обид на Реал и Барселона да ја продолжат идејата за формирање на Суперлигата на Европа, со отстранување на Тебас, кој е еден од главните противници на овој проект.

Против Суперлигата чие формирање во првиот обид пропадна за помалку од 48 часа е и УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести