Шпанските фудбалски гиганти, Реал Мадрид и Барселона, сериозно се заинтересирани за 26-годишниот француски дефанзивец на Баерн Минхен, Дајо Упамекано. Се очекува следното лето да влезат во директна пресметка за неговиот потпис.
Договорот на Упамекано со Баерн истекува на крајот од сезоната, а разговорите за продолжување засега не напредуваат. Иако се размислуваше за нов долгорочен договор, понудата не ги исполнила финансиските очекувања на фудбалерот.
Покрај шпанските клубови, и англиските Манчестер јунајтед и Ливерпул ја следат ситуацијата и го имаат Французинот на својот радар.
Упамекано му се приклучи на Баерн во летото 2021 година откако клубот го купи од Лајпциг за 60 милиони евра.