Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона планираат идната година да тргнат по потписот со мексиканскиот напаѓач Сантијаго Хименес.
Прв тим кој пројави интерес за напаѓачот на Феенорд беше Реал Мадрид, а веднаш потоа и Барселона почна редовно да ги следи игрите на Хименес.
Хименес минатата година пристигна во Феенорд од мексиканскиот Круз Азул и имаше свој удел во освојувањето на титулата на тимот од Ротердам во холандскиот шампионат.
Сезонава 22-годишниот Хименес е фантастичен, во 12 меча во сите натпреварувања досега постигна 15 гола и има три асистенции.
Напаѓачот е проценет на 40 милиони евра, а доколку продолжи со одличните игри, за очекување е сумата да се зголеми.
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид е фаворит за купување на Хименес, но под услов да се откаже од Килијан Мбапе, по чиј потпис планира да тргне идното лето.