Реал и Белгија тргаат иста мака – По Азар, се повреди и Куртоа

Реал Мадрид и белгиската фудбалска репрезентација имаат иста мака, со повредите на Еден Азар и сега на Тибо Куртоа. За Азар веќе е извесно дека сезонава нема повеќе да игра за Реал откако беше опериран по повредата на глуждот, а прашање е дали ќе стигне со рехабилитацијата до 12 јуни, кога треба да почне Европското првенство.

Сега се повреди и голманот Куртоа, кој се пожали на болки во препоните на вчерашниот дуел со Бетис. Треба да има дополнителни снимања за да се утврди степенот на повреда, а таа доаѓа во незгоден момент, кога Тибо влезе во одлична форма, а и само на три месеци пред стартот на ЕП 2020.

Се претпоставува дека сепак повредата на Куртоа не е толку сериозна како таа на Азар и дека голманот би паузирал најмногу две седмици.

- Оглас -

Најнови вести