Реал Мадрид немаше милост и со убедливи 5-1 ја совлада Валенсија на домашен терен. Иако “кралскиот“ клуб на овој натпревар настапи без својот најдобар фудбалер, воедно и најдобар стрелец, Џуд Белингам, сепак, останатите фудбалери беа голгетерски расположени и до врв ја наполнија мрежата на “лилјаците“.
Винисиус и Родриго по двапати се запишаа во листата со стрелците, додека резултатот го отвори Карвахал со прекрасен погодок во третата минута.
“Лилјаците“ успеаја само да постигнат почесен погодок преку Хуго Дуро во 88-мата минута и да ги постават конечните 5-1 на овој натпревар.
Реал Мадрид останува на втората позиција со 32 бодови, два помалку од сензационалниот лидер Жирона.