Реал и Интер потврдија: Ашраф Хакими официјално е нов играч на Нераѕурите од Милано

Сите формалности околу трансферот на мароканскиот бек Ашраф Хакими се завршени, и Реал Мадрид објави дека го продале во Интер, а и од Интер потврдија дека имаат нов играч, кого го обврзаа на договор до 30 јуни 2025 година.

Брзиот Хакими кој е роден во 1998 година, е десен бек, но добро се снаоѓа и на спротивната страна, може да игра и како лев бек. Сезонава беше позајмен во Борусија Дортмунд каде прикажуваше одлични игри, и беше особено корисен во нападот. Трансферот од Реал во Интер е 40 милиони евра плус бонуси, но не е потврдено дали има некаква клаузула со која Реал би имал предност ако Интер реши да го продаде Хакими пред истекот на договорот.

- Оглас -

Најнови вести