1301 Реал Мадрид – Хетафе (21.00 часот)
Реал има десетина отсутни, претежно повредени, но и само со еден сениор на клупата за резерви, сепак, не треба да биде потценет. Во Хетафе игра Кубо, Јапонецот кој е позајмен од Кралскиот клуб. Хетафе е најнеефикасен тим во Ла Лига, а на гостувањата од крајот на ноември наваму или победува или губи. Традицијата е апсолутно на страната на Реал, Кралевите дома имаат серија од 11 победи по ред против малиот градски ривал. Хетафе во 2008 година последен пат славеше на гости против најтрофејниот клуб.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.75)
1102 Манчестер јунајтед – Вест хем (20.30 часот)
Ова е осминафинале во англискиот ФА куп, се игра еден меч, па ниту домашните ниту гостите не треба да калкулираат. Црвените ѓаволи сезонава не блескаат на свој терен, повредени им се Погба и Џонс. Вест хем игра добро во последно време, во Лигата се бори за излез на европска сцена, а последниот гостински пораз му беше на 21 декември. Сепак, кога играат овие два тима на „Олд Трафорд“, победа на гостите не е видена уште од 2007 година.
Предлог тип: 1Х & 3+ (1.89)
3051 Јувентус – Интер (20.45 часот)
Јуве е пред пласман во финалето на Купот на Италија бидејќи првиот дуел на „Џузепе Меаца“ како гостин го доби со 2-1. Старата дама нема да ја испушти приликата да се пласира во финалето, иако Интер нема лесно да се предаде. Овојпат во составот на Интер ќе биде Лукаку, кој се врати по суспензијата и тоа е голем плус за нив, но ќе ги нема Чилеанците Видал и Алексис Санчес. Кај Јувентус неизвесни се Мората, Артур и Дибала, па стартер ќе биде Кулушевски.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.40)
1543 Боависта – Насионал (20.00 часот)
Боависта неочекувано се наоѓа на последното место на табелата, има само две победи во 17-те кола, а на гости им доѓа тим кој три кола по ред не знае за пораз. Насионал привидно е безбеден бидејќи иако е деветти на табелата, има само четири бода плус во однос на Боависта. Ако се гледат головите. Боависта е поефикасен тим од Насионал. Ниту Боависта има победа дома, ниту Насионал победил на гости во 2021 година. Во септември беше 3-3, но кога играат во Порто, обично нема многу голови.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.06)
1968 Фенербахче – Башакшехир (18.45 часот)
Тука станува збор за четвртфинален меч од Купот на Турција. Нема реванш, мора да има победник, макар и по изведување пенали. Фенер пред три дена загуби во мегадербито против Галатасарај и ова им е шанса да се извадат кај своите фанови. Еуфоријата околу ангажманот на Озил спласна, се вратија во реалноста, па ако загубат и од актуелниот првак, нема да биде пријатно. Башакшехир во 2017 година го елиминираше Фенер на негов терен, но сега Башакшехир е во многу лоша форма.
Предлог тип: 1 (1.75)