16.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Реал и Јуве ќе играат меѓусебе, но и ќе преговараат за позајмица на Ендрик

Средбата на Реал Мадрид и Јувентус од Лигата на шампионите може да биде искористена и за разговори на двата клуба за евентуална позајмица на младиот бразилски напаѓач Ендрик во јануарскиот преоден рок.

Ендрик уште нема одиграно ниту една минута сезонава, тој е трета опција во нападот на Реал после Килијан Мбапе и Гонзало Гарсија, а очајно му е потребна минутажа, за да се наметне кај селекторот Карло Анчелоти. За Ендрик би било трагедија ако не се најде во составот на Бразил за СП 2026, а ако не игра и не е во форма, нема да биде повикан.

Во Реал нема да ја добие шансата која ја чека, и прифатил да оди на шестмесечна позајмица. Најголем интерес за Ендрик има од Јувентус и Марсеј. Гостувањето на италијанскиот клуб во Мадрид може да биде искористено за преговори. Неодамна и Марсеј гостуваше кај Реал во ЛШ, не се знае дали тогаш се спомнала темата позајмица на Ендрик или интересот на Французите е нов.

- Оглас -

Најнови вести