Реал Мадрид со истите 11-мина стартери од првиот меч во Мадрид ќе почне и вечерва во Лондон, на реваншот против Челзи од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Тренерот Карло Анчелоти не може да смета на левиот бек Ферлан Менди, па во последно време често го користи Едуардо Камавинга на таа позиција, а Французинот на некои мечеви покажа дека добро се снаоѓа и како лев бек, иако тоа не му е природна позиција.
Реал има солидна предност од 2-0 од првиот меч, но патникот во следната фаза не е одличен и Кралскиот клуб вечерва треба да ја заврши втората половина од работата. Реал само еднаш бил елиминиран од ЛШ по победа од два гола разлика на првиот меч, а тоа се случи во 2004 против Монако, кога уште постоеше правилото за гол во гости.
Тимот кој победува не се менува, Анчелоти верува дека овие 11-мина (Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба, Камавинга, Валверде, Крос, Модриќ, Винисиус, Родриго Бензема) по победите од 4-0 над Барселона и 2-0 против Челзи, треба да почнат и вечерва на „Стемфорд бриџ“.
Карвахал и Милитао се играчи кои се под закана да не играат во евентуалното првото полувреме и ќе треба да внимаваат да не добијат жолт картон.