Реал игра една од најлошите сезони во поновата историја

Реал Мадрид загуби со 2-1 на гостувањето кај Атлетик Билбао во дербито од 16-тото коло на Ла Лига. Со најновиот неуспех, актуелниот шампион на Шпанија пропушти шанса да се доближи до водечката Барселона, од која сега има четири бода помалку и еден одигран натпревар помалку.

Реал оваа сезона го претрпе петтиот пораз. Сите порази дојдоа против силни противници: во Лигата на шампионите (Лил, Милан, Ливерпул) и во Ла Лига (Барселона, Атлетик). Сепак, Реал и минатата сезона играше против најдобрите и најсилните, но успеа импресивно да ја освои титулата во Шпанија и Европа.

Минатата сезона Реал претрпе само два пораза. Сега, пред половина од сезоната, веќе има пет. Во минатата сезона, во 55 натпревари Реал загуби само двапати.


И двата порази му ги нанесе Атлетико Мадрид, првиот во првенството (3-1) во септември и вториот во Купот на кралот (4-2, по продолженија) во јануари. Но, по тие два пораза, Реал не загуби ниту еден натпревар до крајот на сезоната 2023/24. Сега, до почетокот на декември и во 24 натпревари, загуби веќе петпати.

Експертите за фудбалска статистика истакнуваат уште еден показател за тоа колку порази нанижа Реал во краток период.

Реал ги претрпе сите пет споменати порази во последните 11 натпревари (останатите шест ги победи). Така, во овој краток период има еден пораз повеќе отколку во претходните 73 натпревари, во кои има скор од 52 победи, 17 нерешени и 4 порази.

- Оглас -

Најнови вести