10.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Реал игра против Бенфика во ЛШ, а Арбелоа на пресот зборуваше за Лапорта и случајот „Негреира“

Реал Мадрид вечерва ќе се обиде да ја одбрани предноста од 1-0 од гостувањето кај Бенфика и да мине во осминафиналето од Лигата на шампионите, а тренерот на Кралевите, Алваро Арбелоа, на официјалната прес-конференција доби прашање за Жоан Лапорта и зборуваше за случајот „Негреира“.

„Жоан Лапорта? Нема да ги коментирам неговите зборови за судењето. За мене најголемиот скандал е што случајот ‘Негреира’ сѐ уште не е решен – тоа е најголемиот скандал во историјата на шпанскиот фудбал“, рече Арбелоа.

Пред мечот Осасуна – Реал Мадрид во Памплона и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, најави дека доколку Кралскиот клуб не победи – виновен ќе им биде „Негреира“ и ќе почнат да зборуваат за случајот кој одамна е затворен, а се докажало дека кај Барселона нема вина.

- Оглас -

Најнови вести