Реал играше една четвртина, па застана, но ќе го брани трофејот во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид се втори финалисти на Евролигата, откако вечерва во Берлин го совладаа Олимпијакос со 87-76 и спречија грчко финале. „Кралевите“ на вечерашниот натпревар во „Убер арена“ во Берлин одиграа само една добра четвртина, онаа првата, кога најавија дека ќе ја бранат титулата во недела против Панатинаикос, но потоа застанаа, ги сочуваа силите и рутински победија.

Првиот период им припадна на кошаркарите на Реал со 28-10, во втората додадоа еден поен и на полувремето заминаа со предност од +19. Третата и четвртата четвртина им припадна на кошаркарите на Олимпијакос, кои немаа сили да ја надополнат фуриозната прва четвртина на Реал.

Финалето помеѓу Реал Мадрид и Панатинаикос ќе се одигра во недела со почеток во 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести