Реал играше со комбиниран тим, си искористи Атлетико за победа во дербито на Мадрид

Реал Мадрид играше со комбиниран тим, без главната ѕвезда Карим Бензема, и голманот Тибо Куртоа, а со Лука Модриќ, Винисиус јуниор и уште неколку играчи кои беа резерви и загуби од Атлетико во градското дерби.

Јаник Караско со гол во 40. минута му донесе важни бодови на домаќинот во дуелот со новиот шпански првак.

Реал ги штеди силите за финалето во Лигата на шампионите, на 28. мај против Ливерпул, откако веќе ја освои 35-та титула во Шпанија.

Атлетико ја искористи ситуацијата и победи за да остане на четвртата позиција во Ла Лига, последна што води во Лигата на шампионите.

На три кола до крајот на шпанското првенство Атлетико има 64 бода, шест повеќе од Бетис и има големи шанси пак да игра во лускузната европска лига.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести