Реал, или Барса? Халанд веќе не крие: Ќе играм во Шпанија

Ерлинг Халанд веќе не крие и за шпанските медиуми откри во која земја ќе ја продолжи кариерата, а два големи гиганти бијат битка за него.

Феноменалниот шпиц на Борусија Дортмунд моментно е на одмор во шпанското мондеснко место Марбеља и за шпански „Ас“ изјавил дека ќе ја продолжи кариерата во Шпанија.

Транаферот би требало да се случи ова лето, а двата гиганти Реал Мадрид и Барселона се надеваат дека ќе успеат да го купат норвешкото фудбалско чудо.

Според дел од медиумите поголеми се шансите на Рењал Мадрид и веќе е објавено дека Флорентино Перес веќе подготвил 300 милиони евра за да ги купи Халанд и Килијан Мбапе.

Халанд со својот агент Мино Рајола лани летото преговараа со Барселона, но Каталонците немаа пари за траснферот што би можел да чини над 100 милиони евра, бидејќи беа во голема финансиска криза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести