Реал им дозволи на феноменалниот Нено и Хувентуд да играат 30 минути

Реал Мадрид го совлада Хувентуд со 92:69 во меч од шпанската лига, на кој младиот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ, беше најсветла точка во поразениот тим.

Хувентуд од декември 2011 нема победа над Реал, а добро играше и одржуваше неизвесност до финишот на третата четвртина. Во последните десет минути, фаворитот заигра како што се очекуваше од него, направи 27-9, и на крај дојде до убедлив триумф.

Димитријевиќ кој во првото полувреме даде 8 поени, а средбата ја заврши со 15 поени (негов личен рекорд во шпанската лига) за 26 минути и беше прв стрелец во тимот од Бадалона. Тој имаше и три скока, и по две асистенции и загубени топки.

Реал и Барселона се на делба на првото место со по максимални 8 бода од четири кола, а Хувентуд има една победа и два порази, и еден меч кој допрва треба да го игра.

- Оглас -

Најнови вести