Фудбалерите на Реал Мадрид после два натпревари без победа, конечно се вратија на победничките патеки. „Кралевите“ рутински го совладаа Виљареал со чисти 2-0, во меч на кој головите ги постигнаа Валверде и Винисиус. Посебно за истакнување е погодокот на бразилецот, кој со удар од далечина ја „искина“ мрежата на Виљареал.
Реал Мадрид сега дојде до 21 бод, колку што има и Барселона, но „каталонците“ утре ќе го одиграат својот натпревар од деветтото коло. Виљареал останува на третата позиција со 17 поени.