Реал имаше среќа во ждрепката, Барса ја чека дерби дуел

Барселона ќе игра против Севилја во четвртфиналето од Купот на Шпанија. Ова ќе биде реприза на ланските финалисти, кога каталонскиот гигант победи со убедливи 5:0. Овојпат Севилја ќе има можност да се реваншира и тоа на два меча. Андалузискиот тим ќе биде домаќин на првата средба, а реваншот ќе се игра на „Камп Ноу“.

За разлика од Барселона, Реал Мадрид имаше многу повеќе среќа во ждрепката. Кралскиот клуб за противник ја доби Жирона. Во останатите два четвртфинални битки ќе играат: Еспањол – Бетис и Хетафе – Валенсија.

Првите мечеви ќе се играат на 23 јануари, а реванш средбите се закажани за 30 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести