Реал испрати официјална понуда за Кејн, Тотенхем експресно ја одби

Реал Мадрид го избра Хари Кејн како замена за Карим Бензема во нападот и денеска испрати официјална понуда до Тотенхем, кој пак експресно ја одби.

Понудата на Кралевите беше вредна 80 милиони евра, но претседателот на премиерлигашот, Даниел Леви, ја одби бидејќи за својот капитен бара 35 милиони повеќе.

Договорот на Кејн истекува идната година и во Реал се надеваа дека ќе успеат да го натераат претседателот на Тотенхем да попушти. Но, Леви уште еднаш покажа дека е тежок за преговори и според медиумите, планира да тактизира и да чека до август со цел да извлече што повеќе пари.

Уште еден адут во преговорите со Реал Мадрид, на Леви му е интересот на Манчестер јунајтед, кој е подготвен да плати 115 милиони евра.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Реал ќе достави нова, подобра понуда, тешка 100 милиони евра, која би требало да биде доволна за Кејн да го облече Кралскиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести