Валенсија ги имаше двајцата најдобри стрелци на шпанското дерби во Евролигата, но Реал Мадрид ја слави победата и тоа убедлива со 111:99 во најефикасниот меч вечерва.
Домаќините ги добија сите четири четвртини и го стигнаа Ефес на врвот на табелата, но со меч повеќе. Реал имаше дури шест кошаркари со двоцифрен учинок, а листата на стрелците кај тимот што сега има 9 победи на 12 натпревари во Евролигата ја предводеше Ентони Рендолф со 18 поени.
Фабијан Козер уфрли 16, Треј Томпкинс запиша 14, а по 12 имаат Џејси Керол и Волтер Тавареш.
Валенсија за утеха ги имаше двајцата кошгетери на мечот, Џордан Лојд со 21 поен и Мајк Тоби со 20, но го претрпе и осмиот пораз сезонава во елитното клупско натпреварување.