Реал ја купува ѕвездата на Баерн? Трансферот ќе надмине 70 милиони евра

Реал Мадрид продолжува со градењето на екипата за иднината. Прва трансфер-цел на Кралскиот клуб ќе биде ѕвездата на Барен Минхен, Алфонсо Дејвис. Дваесет и двегодишниот фудбалер ќе биде трајно решение за Кралевите на левата бековска позиција, играч на кого Реал ќе може да смета за подолг период.

Во моментов Анчелоти на таа позиција ги користи Менди и Фран Лопес и токму затоа се бара трајно решение, а канадскиот репрезентативец е токму играчот што им е потребен.

Неговата вредност во моментов се проценува на 70 милиони евра, а со оглед на тоа дека договорот му истекува за две години, Баерн сосема извесно ќе бара и многу повеќе од таа сума.

- Оглас -

Најнови вести