1.8 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Реал ја претстави новата тактика за изведување на корнерите, ефектот е нула (Фото)

Реал Мадрид многу потешко од очекувањата го започна настапот во новата сезона на Лигата на шампионите. Кралевите со гол во 94-тата минута, кој го постигна Џуд Белингам, успеаја да го победат дебитантот во натпреварувањето, Унион Берлин.

Сепак, она што ги зачуди сите што го гледаа мечот е начинот на кој Реал Мадрид ги изведуваше корнерите. Лука Модриќ ја зеде топката да изведе корнер, се намести, а тогаш пред него застана неговиот соиграч Давид Алаба, кој се чини сакаше да ја сокрие намерата на Хрватот. Реал Мадрид ова го повтори во неколку наврати, но ефектот беше еднаков на нула.

https://twitter.com/Benjee_Turbo/status/1704586570752270561?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1704586570752270561%7Ctwgr%5E01531eb6d1867b6f1b70d443089e60ad40e66018%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Freal-predstavio-novu-taktiku-izvodenja-kornera-navijaci-ih-ismijavaju%2F458976

- Оглас -

Најнови вести