Еден Азар потполно потфрли во Реал Мадрид, а тоа конечно го сфати и самиот клуб.
Раководството на Кралскиот клуб му даде две опции на Белгиецот. Првата е да остане во клубот и наредната сезона, но најчесто ќе биде на клупата.
Додека втората е тој да биде продаден ова лето во тим каде што ќе игра, а со тоа и да ја спаси кариерата и да биде во добра форма за Светското првенство во Катар. Но, останува нејасно за каква сума Реал би се согласил на продажба, иако веројатно ќе бидат согласни и да му го раскинат договорот на Азар само за да се ослободат од неговите високи примања.
Некогашниот играч на Челзи има примања од околу 25 милиони евра по сезона, а за трансферот Реал Мадрид плати 120 милиони евра.