Реал Мадрид ја слави 15. европска круна. „Кралевите“ се вратија во Мадрид каде на „Сибелес“, низ улиците на градот, а потоа и на „Сантијаго Бернабеу“ ја прославија најновата титула во Лигата на шампионите.
Дон Карло традиционално прави фотка со пура и со дел од своите фудбалери, па додаде и најнова во колекцијата. Сѐ е речиси исто, Карло Анчелоти со пура во устата, и во друштво на Винисиус, Родриго, Милитао, Камавинга, Алаба…, а само се редат новите титули на Реал.