Реал Мадрид е освојувач на Светското клупско првенство, и ја продолжи сега веќе 11-годишната доминација на европските прваци во ова натпреварување.
Во вечерашното финале во Рабат, Реал го победи Ал Хилал со 5-3, и ова е најефикасно финале досега, дури и ако се сметаат и мечевите од Интерконтиненталниот куп во минатото кога за светска титула играа само европскиот против јужноамериканскиот првак.
За Реал ова е рекордна петта титула во натпреварувањето кое без прекин и во ваков формат се одржува од 2005 година наваму. Петте гола на Реал истотака се рекорд за финале на Светско клупско првенство.
Винисиус со два гола и една асистенција (вакво нешто во финале за светска клупска титула имале само уште Пушкаш и Пеле), беше најрасположен кај Кралевите од Мадрид.
Бразилецот ја почна и ја заврши голеадата во мрежата на Саудијците, кои трипати шутнаа во рамките на голот на Андриј Лунин, и постигнаа три гола.
Real Madrid's fifth goal by Vinicius Junior 5-2 ⚽⚽⚽⚽⚽#الهلال_ريال_مدريد #ClubWC
pic.twitter.com/RuWI40Den7— SHA3WAZA (@Sh3_aw) February 11, 2023