12.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Реал како да е магнет за скандали: Во Памплона имало и трето полувреме (Видео)

Реал Мадрид загуби со 2-1 од Осасуна во саботата и го загуби првото место на табелата, но мечот во Памплона имал и трето полувреме, а шпанските медиуми веќе ги објавија снимките.

Во еден момент додека се играше натпреварот, од трибините беше фрлено шише со вода кон голманот на Кралевите“, а Куртоа веднаш му се пожали на судијата. Навивачот беше идентификуван и лоциран, па обезбедувањето тргна да го апси.

Сепак, тоа не им се допадна на останатите навивачи, кои започнаа физичка пресметка со припадниците на приватната компанија за обезбедување, а на крајот мораше да интервенира и полицијата.

Епилогот е двајца уапсени, но не е познато дали меѓу нив е и навивачот заради кој настанаа и нередите.

- Оглас -

Најнови вести