Реал Мадрид има два порази и едно реми во последните три средби. Оваа мини криза на „кралскиот клуб“ треба да биде прекината вечерва. Мадриѓани се големи фаворити на гостувањето кај Алавес. Тоа е противник кој едноставно му одговара на Реал. На последните девет меѓусебни дуели во првенството, Реал секогаш победувал. Сега фаворитот бара 10 од 10.
Тренерот на Реал, Хулен Лопетеги е под притисок дека мора да победи. Некои дури го прашуваат дали ќе сиподнесе оставка, ако неговиот тим вечерва не победи. Стратегот вели дека неговата екипа воопшто не е во криза.
„Знаеме дека секогаш се појавуваат проблеми, но мора да знаеш како да ги решиш. Мора позитивно да се фокусираме. Реал Мадрид има ист број на бодови како и лидерот во Шпанија. Сега размислуваме само на мечот против Алавес. Тоа ќе биде многу тежок меч и ќе мора да го дадеме максимумот за да победиме“, вели тренерот на Реал, Лопетеги.
Алавес е во добра форма посебно на свој терен, каде нема пораз на последните шест средби. Реал е вистинси предизвик за таа низа да продолжи. Реал ќе биде без повредените Карвахал, Иско и Марсело, а можно е во тимот да се врати Герет Бејл.
Лани, Дани Себаљос дебитираше за стартниот тим на Реал против Алавес на гости и даде два гола во победата од 2-1