9.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Реал ќе бара одмазда против Мурињо, ПСЖ ќе игра против француски ривал, а Јувентус го чека „пекол“ во Истанбул

За помалку од 20 дена ќе стартуваат мечевите од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а на денешната ждрепка беа извлечени паровите за шеснаесетфиналето. Во оваа фаза ќе играат клубовите кои завршија од деветото до 24-тото место, додека најдобрите осум по лигашкиот дел имаат обезбедено директно место во осминафиналето.

Мечевите од првата нокаут-фаза се закажани за 17/18 февруари, а реваншите се закажани за 24/25 февруари, а ждрепката сакаше во 16-финалето меѓу себе да играат:

Бенфика – Реал Мадрид

Бодо/Глимт – Интер

Монако – Пари Сен Жермен,

Карабах – Њукасл,

Галатасарај – Јувентус

Бриж – Атлетико Мадрид

Борусија Д. – Аталанта

Олимпијакос – Баер Леверкузен

- Оглас -

Најнови вести