1363 Лас Палмас – Реал Мадрид (21.30 часот)
Реал Мадрид не блескаше на првото гостување во Ла Лига против Мајорка, а потоа дома го победи Ваљадолид со 3-0. Сега се очекува Кралскиот клуб да заигра многу подобро и на гости, па предлогот е триумф на Реал и најмалку три гола на овој меч.
Предлог тип: 2 & 3+ (1.86)
1310 Жирона – Осасуна (19.00 часот)
Жирона стартуваше со две гостувања во Ла Лига, од кои освои еден бод, па вечерва Бојан Миовски и соиграчите првпат ќе играат пред домашните фанови. Тоа е убава можност и за првата победа. Осасуна, пак, спротивно од домаќинот, на двата први натпревари играше дома, а сега ќе го има првото гостување. Предлогот е триумф на Жирона.
Предлог тип: 1 (1.80)
6723 Трабзонспор – Сент Гален (19.00 часот)
Турските тимови не можат да се пофалат со одлични резултати во овие нокаут европски натпревари, но Трабзонспор несомнено има квалитет да го елиминира Сент Гален. Енис Барди и соиграчите сигурно ќе сакаат да обезбедат групна фаза во Конференциската лига.
Предлог тип: 1 (1.95)
6708 Бешикташ – Лугано (20.00 часот)
На првиот меч имаше дури шест гола, а дуелот заврши 3-3. Сега Бешикташ е домаќин и сигурно дека во „пеколот“ во Истанбул ќе се создаде атмосфера за триумф. Предлогот е дека покрај победата на Бешикташ, на овој натпревар ќе има и најмалку три гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.15)
6706 Ајакс – Јагиелонија (20.00 часот)
Ајакс обезбеди убедлива предност (1-4) по првиот меч во Полска, но тоа дава отворен простор за нов возбудлив меч и многу голови и во Амстердам. Предлогот е дека ќе има најмалку еден, а најмногу три гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.74)