Реал Мадрид во недела има незгодно гостување кај Валенсија, а привремениот тренер на „кралевите“, Алваро Арбелоа, ја одржа редовната прес-конференција пред мечот. Тренерот на Реал поголем дел од обраќањето пред новинарите го искористи да ја критикува Барселона, како и случајот „Негреира“.
Изјавата на тренерот јасно ја покажаа неговата позиција: „Никој не разбира дека, до ден-денес, најголемиот скандал во историјата на шпанскиот фудбал сè уште не е разрешен. Тоа им се случува на сите.“ Тој инсистираше дека ситуацијата останува тешко објаснива сè додека случајот не биде решен.
Арбелоа за гостувањето на „Местаља“ нема да може да смета на Белингам, Милитао, Родриго и Винисиус.
„Свесни сме што нè очекува утре. Треба да дадеме сѐ од себе, бидејќи играме против тежок противник. Кога Реал Мадрид гостува на ‘Месталја’, атмосферата секогаш е феноменална. Нѐ очекува деликатен натпревар.“ – рече тренерот на „кралевите“.

