Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, многу веројатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, иако неговиот договор важи до јуни 2026 година. Според шпанскиот новинар Рамон Алварес, италијанскиот стратег е свесен за плановите на Кралевите и знае дека неговата ера на „Сантијаго Бернабеу“ ќе заврши ова лето.
Како негов наследник наводно веќе е договорен Чаби Алонсо, кој со својата извонредна работа во Баер Леверкузен привлече големо внимание. Алонсо веќе ги одби понудите од Баерн Минхен и од Ливерпул, што уште повеќе ги засили шпекулациите дека токму Реал Мадрид е неговата следна дестинација.
Иако Анчелоти повеќепати изјави дека нема намера да ја заврши својата тренерска кариера, се очекува неговиот следен ангажман да биде како селектор на репрезентација, а во игра е и потенцијално враќање во Италија, каде што се споменува Рома како можен избор.
Без разлика на исходот, Анчелоти ќе остане запаметен како еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, а во преостанатиот дел од сезоната ќе се обиде да му донесе уште трофеи на „Бернабеу“ и да ја заокружи својата втора етапа во клубот на најдобар можен начин.