Интересна е напаѓачката формација на Реал Мадрид со Винисиус јуниор како шпиц и Асенсио и Иско како поддршка во нападот против Аталанта во првиот осминафинален меч вечерва во Бергамо.
Зинедин Зидан немаше многу избор по повредите на главните ѕвезди, Бензема, Рамос, Азар, Карвахал и уште неколку играчи, па ќе се обиде со крпен тим да обезбеди добар резултат за реваншот.
Џампаоло Гасперини одлучи да игра со двајцата најдобри напаѓачи, Запата и Мјуриел, во обидот да се победи најтрофејниот европски клуб.
Во вториот меч вечерва ќе играат Борусија Менхенгладбах и Манчестер сити, а таму и двајцата тренери немаа многу дилеми и ќе играат со најсилните состави што ги имаат во моментов.