Реал ќе му даде најмалку два гола на ПСЖ

6008 Реал Мадрид – Пари Сен Жермен (Лига на шампиони, 21:00 часот)

Килијан Мбапе го реши победникот на првата средба од осминафиналето, а вечерва исто така ќе гледаме спектакл на „Сантијабо Бернабеу“.

Реал на својата тврдина е тешко совладлив иако на спротивната страна доаѓа добро познато лице, Лионел Меси. На оваа средба головите се очекувани и сметаме дека нема да погрешите и да одиграте 3+, ГГ&3+, па дури и гостите да дадат два гола.

Но, ние веруваме во тактиката на Карло Анчелоти, кој заедно со Лука Модриќ, Тони Крос, Винисиус, Карим Бензема и останатите, ќе постигнат најмалку два погодоци.

Предлог тип: Т12+ (1.98)

 

6007 Манчестер сити – Спортинг Лисабон (Лига на шампиони, 21:00 часот)

Патникот понатаму се знае уште по првата средба бидејќи Граѓаните на Пеп Гвардиола победија со 5:0. Оваа средба ќе биде чиста рутина и шанса за помладите фудбалери да добијат шанса, иако познавајќи го Шпанецот, тој ќе извади прилично квалитетен состав.

Спортинг на овој меч, па и на двомечот игра без никаков резултатски притисок, па вечерва ќе се обиде со достојна средба да се поздрави од овогодишната Лига на шампиони.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.55)

 

1241 Данди – Сент Мирен (Премиер лига, Шкотска, 20:45 часот)

Шкотската најсилна фудбаслака лига вечерва ќе биде претставувана со една средба. Интересно е што квотите за погодоци се навистина големи, а ако се погледне блиската меѓусебна историја, тие ги има и тоа како на филмска лента.

Последните две средби на коишто Данди бил домаќин завршиле со резултати од 2:2, односно 2:3, па предизвикувачки е и вечерва да се одигра на погодоци, иако за оваа средба ќе одиграме еден „поинаков“ тип.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.02)

 

3148 Риека – Осиек (Куп на Хрватска, 18:00 часот)

Полуфиналето во Хрватскиот куп ќе одлучи кој ќе му прави друштво на Хајдук во големото финале. И двете екипи се во самиот врв на хрватскиот фудбал, играат во добра форма и имаат по четири победи на последните пет средби.

Ако се погледне нивната меѓусебна историја, тогаш јасно е дека нè очекува тврд натпревар. Само еднаш од петте последни средби одиграле со три погодоци, а во два наврати имало по еден, односно ниеден гол.

Предлог тип: 0-2 (1.75)

 

3173 Радомље – Копер (Прва лига Словенија, 17:30 часот)

Копер е на третото место со 43 бода, но нема забележано победа на последните пет средби и со тоа си ги уништи шансите за борбата за титулата.

Но, тука се второто и третото место, коишто носат излез во квалификациите на Лигата на Европа, а простор за киксови веќе нема. Радомље е во долниот дел и постои реална можност да испадне, а по 25 одиграни натпревари, има пет бода повеќе од Табор Сезана, којашто е на местото кое носи пад во понизок ранк.

Копер знае како да игра на гости против денешниот противник и има четири победи по ред.

Предлог тип: 2 (2.24)

- Оглас -

Најнови вести