Реал ќе одговара за вршење притисок врз судии

Мадридскиот суд одлучи повторно да ја отвори постапката против клупската телевизија на Реал Мадрид. Централниот административен суд во Мадрид ја прифатил жалбата на Ла Лига и ѝ наложи на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), преку својата дисциплинска комисија, повторно да ја отвори истрагата за видеата од судиите кои беа објавувани на телевизијата на Реал.

Жалбата беше поднесена против одлуката на Судот за административни прекршоци за спорт (TAD) од 21 ноември 2024 година, кој одби да ја разгледа жалбата на Ла Лига за прекинување на дисциплинската постапка против Кралскиот клуб. Според подносителите на жалбата, со овие снимки се вршело притисок врз судиите пред голем број натпревари.

Постапката беше покрената на 1 март 2024 година по жалбите од Севиља и Ла Лига до дисциплинската комисија на РФЕФ. Тие тврдеа дека Реал преку својот клупски телевизиски канал, систематски вршел кампања на притисок врз судиите назначени за неговите натпревари, објавувајќи материјали што ја доведуваат во прашање нивната професионалност.

- Оглас -

Најнови вести