Реал ќе почека, Мбапе својата иднина ја гледа во ПСЖ

Килијан Мбапе, фудбалерот на ПСЖ, изјави дека својата иднина ја гледа на „Паркот на принцовите“, со што најави дека и следната сезона ќе биде дел од Светците. Во последните неколку месеци, француските и шпанските медиуми постојано пишуваат дека Мбапе налето може да се пресели во Реал Мадрид, но сега самиот фудбалер одлучи да стави крај на шпекулациите.

„Останувам во ПСЖ, имам договор со овој тим“, е одговорот на Мбапе на прашањето на францускиот Франс 3 канал, каде што се гледа идната сезона.

Мбапе минатото лето потпиша нов договор со ПСЖ кој трае до 2025 година, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Одличниот напаѓач исто така изјави дека главна цел му е со ПСЖ да триумфира во Лигата на шампионите.

„Веќе играв во финалето, во полуфинале, во четвртфинале. Направив сè, освен што не ја освоив титулата во Лигата на шампионите. Тоа е трофејот што ми недостасува и се надевам дека наскоро ќе го освојам“.

Тој, на големо задоволство на Французите, изјави дека има голема желба да настапи на Летните олимписки игри кои идното лето ќе се одржат во Париз.

„Се надевам дека ќе бидам дел од Игрите. Сите знаат дека сонот ми е да настапам на Олимписките игри, но тоа не зависи само од мене. Има доста работи за кои треба да се размислува“, додаде Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести