Реал ќе прави револуција и ќе им дозволи на фудбалерите да одат на одмор среде сезона

Реал Мадрид најверојатно ќе направи револуционерен потег и ќе им дозволи на фудбалерите да одат на краток одмори за време на сезоната, поради пренатрупаниот распоред на натпревари, изјави тренерот Карло Анчелоти.


Пред првиот натпревар од новата сезона, на гости против Мајорка, Анчелоти рече дека постојаното зголемување на календарот се одразува на играчите.

„Играчите имаат потреба од одмор, им требаат паузи и размислуваме за индивидуален одмор за играчите за време на сезоната. Размислуваме да даваме паузи во текот на сезоната, да им дадеме на играчите една недела одмор за да можат да бидат со своите семејства, особено на оние кои играат за репрезентациите, кои имаат многу малку одмор бидејќи обично не добиваат ниту ден одмор за време на меѓународните паузи“, изјави Анчелоти.

По освојувањето на титулата шпански шампион и Лигата на шампионите минатата сезона, и во трката за дури седум титули во сезоната 2024/25, Анчелоти верува дека клубот мора да се жртвува за да го зачува здравјето на своите играчи.

Реал Мадрид утре гостува на Балеарските острови и ќе има дуел против Мајорка во првото коло од новата сезона во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести