Реал ќе продаде пола тим за да собере пари за Погба

Реал Мадрид веќе потроши повеќе од 300 милиони евра за доведување нови играчи. Кралскиот дрес го облекоа Еден Азар (100 милиони евра), Лука Јовиќ (60 милиони), Едер Милитао (50), Менди (48) и Родриго (45 милиони евра). Од друга страна, „Сантијаго Бернабеу“ го напуштија Ковачиќ, кој отиде во Челзи, Љоренте (Атлетико М.), Ернандес (Милан) и Раул де Томас (Бенфика), а Реал инкасираше 125 милиони евра.

Преодниот рок уште трае и допрва се очекува Реал да го направи главниот договор. Пол Погба е главна цел на тренерот Зинедин Зидан. Ѕвездата на Манчестер јунајтед би бил играчот кој е потребен за Реал повторно да има тим што би можел да се бори за европската и шпанската круна.

Според весникот „Марка“, постои опција Реал да продаде дури шестмина играчи за да го доведе Погба. Кралскиот клуб замина на подготовки во Канада, а сепак главна вест е тоа дали Погба ќе пристигне во Мадрид ова лето. Најавите се дека е можно Реал буквално да продаде пола тим за да може да собере пари и да го купи Пол Погба.

„Марка“ пишува дека би биле продадени Џејмс, Иско, Бејл, Навас, Маријано и Васкез само за да собере доволно пари и да ја купи ѕвездата од англискиот тим. Од овие шестмина, Кралевите се очекува да инкасираат околу 200 милиони евра, а најголем дел од парите би ги вложиле за доведување на Погба, за кого Манчестер јунајтед бара 180 милиони евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести