17.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Реал конечно погоди од игра, Мбапе со хет-трик ги водеше „кралевите“ до три бода во Казахстан (Видео)

Реал Мадрид конечно, дури во четвртото полувреме, успеа да постигне гол од игра во Лигата на шампионите. „Кралевите“ го победија Марсеј (2-1) со два гола од пенал, а имаа водство на полувремето против Каират од 0-1 повторно со гол од пенал на Килијан Мбапе.

Сепак, во второто полувреме на мечот во Казахстан, Реал Мадрид конечно успеа да погоди од игра, а Килијан Мбапе со хет-трик беше лидер во победата од 0-5. Останатите два гола за „кралевите“ беа дело на Камавинга и Дијас.

На вториот меч кој се играше од 18:45 часот, Аталанта со пресврт го победи Бриж со 2-1. Гостите од Белгија дојдоа во водство преку Цолис во 38-мата минута, но Самарџиќ од пенал во 74-тата и Пашалиќ во 87-мата минута се погрижија бодовите да останат во Бергамо.

- Оглас -

Најнови вести