Реал Мадрид вечерва треба да победи на гостувањето кај Гранада, за да остане најголем конкурент на градскиот ривал Атлетико во трката за титулата во Примера дивисион. Кралскиот клуб има 75 бодови, пет помалку од лидерот на табелата, а со победа на денешното гостување, разликата ќе биде намалена на само два бода, во пресрет на последните две кола од шампионатот.
Гранада е противник како по мерка за Реал, посебно ако се гледа традицијата. Најтрофејниот шпански клуб има 11 победи по ред во првенството, а дури девет пати постигнал барем по два гола. Најголемата победа во овие период е од неверојатни 9:1.
Традицијата е на страната на Реал, но тренерот Зинедин Зидан има проблеми околу составот, па за денешниот дуел повика само четворица дефанзивци. Поради разни причини ќе ги нема Рамос, Варан, Менди, Марсело, Карвахал и Лукас Васкес, но затоа имаше место за ровитиот Алваро Одриозола и младинецот Мигел Гутиерес.
ПОСЛЕДНИ 11 МЕЧА МЕЃУ РЕАЛ И ГРАНАДА
23.12.2020 Реал Мадрид – Гранада 2:0
13.07.2020 Гранада – Реал Мадрид 1:2
05.10.2019 Реал Мадрид – Гранада 4:2
06.05.2017 Гранада – Реал Мадрид 0:4
07.01.2017 Реал Мадрид – Гранада 5:0
07.02.2016 Гранада – Реал Мадрид 1:2
19.09.2015 Реал Мадрид – Гранада 1:0
05.04.2015 Реал Мадрид – Гранада 9:1
01.11.2014 Гранада – Реал Мадрид 0:4
25.01.2014 Реал Мадрид – Гранада 2:0
26.08.2013 Гранада – Реал Мадрид 0:1