Реал Мадрид, Барселона и Јувентус ќе добијат дисквалификација од УЕФА ако не се откажат од Суперлигата

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона ќе бидат исфрлени од натпреварувањата под капата на УЕФА доколку не се откажат од проектот наречен Суперлига.

Пред една седмица, судот во Мадрид даде „одврзани“ раце на Европската куќа на фудбалот за сама да ги одреди казните на клубовите. Иако на 14 мај има уште едно судење, УЕФА се закани дека ќе ги суспендира овие клубови од сезоната 2023/24 доколку не се откажат од Суперлигата.

Пред една година, најголемите европски клубови се согласија да бидат дел од новото натпреварување, но најголемиот дел од нив се откажаа само два дена по соопштувањето на одлуката поради големиот број притисоци од фановите.

- Оглас -

Најнови вести