Реал Мадрид – Барселона, предизвик за секој играч на Спортска прогноза

Ненад С. е прогнозерот кој успеа да има 11 погодоци во 30-тото коло на Спортска прогноза и заслужено е добитник на вредносен ваучер од 500 денари во Sport Life. Само киксот на ПСЖ на свој терен во дербито од Лил и поразот на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Севилја се единствените два меча кои не успеа да ги погоди Ненад, но затоа на останатите 11 беше перфектен. Токму Ненад е доказ дека на бесплатната игра со знаење и среќа може да се добие вреден подарок од Sport Life.

Од денеска започнува новото, 31-во коло на Спортска прогноза, а во фокусот е најголемото дерби во светскиот фудбал. Реал во Мадрид е домаќин на Барселона, дуел кој е закажан за в сабота, од 21 часот. Двата тима во овој меч влегуваат со израмнет број бодови – 63. Лидерот Атлетико Мадрид е на 66 бода, што значи дека популарното Ел Класико може да има и шампионски влог.

Во есенскиот дел од сезоната, Реал победи на „Камп ноу“ со 3:1, а Кралевите го добија и последниот меч во Мадрид, и тоа со 2:0. Сепак, никогаш не треба да се заборави и силата на Барселона, па ќе биде вистински предизвик за сите играчи на Спортска прогноза кои можат да бидат добитници на мобилен телефон „ајфон 11“, но само ако успеат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 понудени парови за ова коло.

Стиснете ПРОГНОЗИРАЈ, видете ги паровите за новото коло и одиграјте ја вашата добитна комбинација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести